Министерството за надворешни работи денеска преку соопштение упати јавна реакција и осуди говорот на омраза кој бил забележат на вчерашниот фудбалски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија.
Како што се вели со соопштението, спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух.
„Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла. Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, добри соседи“, се вели во соопштението на МНР.
Македонија вчера на арената „Тодор Проевски“ беше поразена со 1:0 од репрезентацијата на Бугарија.