ФЛОРИДА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА УДАРОТ НА НАЈСИЛНИОТ УРАГАН ВО ПОСЛЕДНИТЕ 100 ГОДИНИ

    ФЛОРИДА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА УДАРОТ НА НАЈСИЛНИОТ УРАГАН ВО ПОСЛЕДНИТЕ 100 ГОДИНИЖителите складираат храна, вода, лекови и гориво во очекување на ураганот (Фото: АП)

    Гувернерот Рон ДеСантис ја предупреди Флорида да се подготви за можна голема катастрофа, додека ураганот Ијан собира сила на Карибите. Силни ветрови го погодија јужниот брег на Куба синоќа и се очекува Ијан да удри во западниот брег на Флорида утре, кога веќе би можел да прерасне во ураган од четврта категорија, со ветрови до 225 километри на час.

    Точната патека на движењето на ураганот е неизвесна, но ударот ќе биде широк“, изјави ДеСантис, кој прогласи вонредна состојба во цела Флорида.

    Во меѓувреме, жителите складираат храна, вода, лекови и гориво. Некои делови од Флорида 100 години не виделе ураган со ваква магнитуда. Националниот центар за урагани соопшти дека се очекува забрзано засилување на Ијан во следните 48 часа.

    Во овој момент, тоа е навистина голем ураган. Знаете што морате да правите за да бидете подготвени“, кажа ДеСантис.

    Директни цели на ураганот би можеле да бидат градовите Тампа и Сент Питерсбург, што не се случило од 1921 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира