Седум партии влегоа во новиот парламентарен состав на Бугарија, но нема јасно мнозинство за нова влада. Првото место е на ГЕРБ, а потоа следат Продолжуваме со промената, ДПС, БСП, Вазраждане и Демократска Бугарија. Ова се првите проценети резултати од денешните предвремени избори, одржани помалку од една година по последното предвремено гласање со слично слаба излезност, која денеска до 16 часот беше 25,58%..
Исходот од изборите многу ќе зависи од гласот на Бугарите во странство, што може да има посериозно влијание врз конечните резултати, особено за ДПС, ПП, ДБ и Вазраждане.