ПЕТКОВ ОДБИВА КОАЛИЦИЈА СО БОРИСОВ ПО ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА, ИМА ТАКОВ НАРОД НЕ ВЛЕГУВА ВО ПАРЛАМЕНТОТ

    ПЕТКОВ ОДБИВА КОАЛИЦИЈА СО БОРИСОВ ПО ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА, ИМА ТАКОВ НАРОД НЕ ВЛЕГУВА ВО ПАРЛАМЕНТОТГЕРБ на Борисов освои најмногу гласови, но прашање е дали ќе успее да формира влада (Фото: АП)

    ГЕРБ на Бојко Борисов победи на четвртите парламентарни избори во Бугарија за помалку од две години, но прашање е дали ќе најде коалициски партнери за да формира влада. Резултатите од изборите не влеваат оптимизам дека земјата ќе излезе од политичка криза.

    По речиси 100% пребројани гласови, ГЕРБ води со 25,34% освоени гласови, пред Продолжуваме со промената на бившиот премиер Кирил Петков (20,20%). Уште пет партии го надминаа прагот од 4% освоени гласови потребни за влез во парламентот, но меѓу нив не е Има таков народ, која беше победник на изборите во јули минатата година, но потоа не успеа да формира влада.

    Петков изјави дека неговата партија ќе одбие евентуална покана за формирање коалиција со ГЕРБ.

    „ГЕРБ ја има целата политичка одговорност и обрзана е да стори сè што може за да формира влада. ГЕРБ нема проблем со силни националистички формации, па Движењето за права и слободи и Преродба се чинат како добри кандидати“, изјави Петков.

    Конечните резултати ќе бидат објавени в четврток, откако ќе се придодадат гласовите на дијаспората. Таму води Движењето за права и слободи со 31,93% освоени гласови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира