ОСЛОБОДИВМЕ ДЕСЕТИЦИ ГРАДОВИ И СЕЛА НА ИСТОКОТ И ЈУГОТ ПО ЛАЖНИТЕ РУСКИ РЕФЕРЕНДУМИ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    ОСЛОБОДИВМЕ ДЕСЕТИЦИ ГРАДОВИ И СЕЛА НА ИСТОКОТ И ЈУГОТ ПО ЛАЖНИТЕ РУСКИ РЕФЕРЕНДУМИ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИРуските сили беа принудени на повлекување во Херсон и Доњецк во изминатите денови (Фото: АП)

    Володимир Зеленски изјави дека украинската војска остварила голем, брз напредок во изминатата недела, ослободувајќи десетици градови на југот и истокот на земјата.

    За една недела, од лажните руски референдуми, ослободени се десетици населени места. Тие се во Херсон, Харкив, Луганск и Доњецк“, кажа Зеленски.

    Владимир Путин прогласи анексија на четирите окупирани региони во петокот, иако руската војска моментално нема целосна контрола врз ниеден од нив.

    Зеленски наброја осум гратчиња во Херсон кои деновиве биле ослободени. Украинското министерство за одбрана објави видео кое покажува кревање на украинското знаме во еден од овие градови.

    Украинските сили напредуваа долж брегот на реката Днепар, при што ослободија неколку села, потврдија и локалните проруски власти. Руските сили беа принудени на повлекување во Херсон и Доњецк во изминатите денови и се чини дека тешко се спротивставуваат на модерното западно оружје што го добива Украина.

    Во некои области, го проширивме ослободеното подрачје за 10-20 километри“, соопшти Оперативната команда на украинските вооружени сили, додавајќи дека руската војска уништува залихи муниција и се обидува да уништи мостови при повлекувањето.

    Двата дома на рускиот парламент ја ратифицираа анексијата на 18% од територијата на Украина, додека во исто време, министерот за одбрана Сергеј Шојгу кажа дека досега се мобилизирани 200.000 од предвидените 300.000 резервисти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира