ПУТИН ГИ ПОТПИША ЗАКОНИТЕ ЗА АНЕКСИЈА, РУСИЈА ДОСЕГА ПРИСВОИ 22% ОД УКРАИНА

    ПУТИН ГИ ПОТПИША ЗАКОНИТЕ ЗА АНЕКСИЈА, РУСИЈА ДОСЕГА ПРИСВОИ 22% ОД УКРАИНАЛидерите на анектираните региони Владимир Салдо, Евгени Балицки, Леонид Пасечник и Денис Пушилин на церемонијата во петокот (Фото: Гети)

    Владимир Путин и формално ја комплетираше анексијата на повеќе од 15% од територијата на Украина, иако руските сили се повлекуваат во некои од окупираните региони. Во најголемото проширување на руската територија во последниот половина век, Путин ги потпиша законите со кои Народна Република Луганск, Народна Република Доњецк и регионите Херсон и Запорожје стануваат делови од Русија.

    Путин ги прогласи анексиите во петокот, неколку дена по одржувањето на таканаречените референдуми во четирите региони, што досега ги призна само уште Северна Кореја. Ниеден од овие региони моментално не е под целосна контрола на руските сили, откако украинската војска напредуваше на истокот и југот.

    Заедно со Крим, што Русија го анектираше во 2014, Русија сега има присвоено околу 22% од Украина, иако точните граници на четирите нови региони допрва ќе се утврдуваат.

    „Границите на новите субјекти на Руската Федерација ќе бидат одредени од границите кои постоеле на денот на нивното формирање и приемот во Руската Федерација“, стои во документите што ги потпиша Путин.

    Иако Русија ги призна постсоветските граници на Украина со Будимпештанскиот меморандум од 1994, Путин во петокот кажа дека никогаш нема да ги врати анектираните подрачја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира