ВО СИРИЈА ПРОНАЈДЕН СОВРШЕНО ЗАЧУВАН РИМСКИ МОЗАИК СТАР 1.600 ГОДИНИ

    ВО СИРИЈА ПРОНАЈДЕН СОВРШЕНО ЗАЧУВАН РИМСКИ МОЗАИК СТАР 1.600 ГОДИНИМозаикот прикажува митски сцени од Тројанските и Амазонските војни (Фото: Синхуа)

    Речиси недопрен римски мозаик стар 1.600 години е откриен во централна Сирија. Мозаикот со големина 20х6 метри е пронајден под зграда во Растан близу Хомс, кој до 2018 беше под контрола на бунтовниците во граѓанската војна.

    Прикажувајќи митски сцени од Тројанските и Амазонските војни, мозаикот е опишан како еден од најретките од ваков вид. Ова е најзначајното археолошко откритие во Сирија од почетокот на војната во 2011 година.

    Мозаикот е со големина 20х6 метри (Фото: Синхуа)

    „Ова што го гледаме пред нас е ретко на глобално ниво. Мозаикот е богат со детали и ги прикажува римскиот бог Нептун и 40 негови љубовници, но и Херкул како ја убива амазонската кралица Хиполита“, изјави Хаман Сад од Генералниот директорат за музеи и антиквитети на Сирија.

    Сирија важи за археолошка ризница, бидејќи е дом на некои од најдобро зачуваните остатоци од древни цивилизации, но голем дел од локалитетите беа уништени или ограбени во граѓанската војна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира