КРАДЦИ ЈА УКРАЛЕ ЧЕШМАТА И ЈА ПОПЛАВИЈА ГОРНАТА САЛА ОД ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ВО БИТОЛА

    КРАДЦИ ЈА УКРАЛЕ ЧЕШМАТА И ЈА ПОПЛАВИЈА ГОРНАТА САЛА ОД ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ВО БИТОЛАОд таванот утрово течеше вода од сите страни кон надворешниот дел на објектот пред влезот на Театарот. (Фото: СДК.МК)

    Крадци ја украле чешмата со што предизвикаа голема поплава во горната сала од Центарот за култура во Битола, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК директорката Маја Андоновска-Илиевски.

    Ова е старата сала за свадби која долго време не е во употреба. Од таванот утрово течеше вода од сите страни кон надворешниот дел на објектот пред влезот на Театарот.

    „Крадците ја скршија вратата и влегле горе, украле две чешми и водата течела цела ноќ. Се направила поплава во горниот дел, во салата. За да истече побрзо поголемата количина на вода надвор од просторијата и објектот, зашто не можеше да истече на друг начин, на неколку места од подот се пропуштија со бормашина дупки и на тој начин почна да истекува надвор. Не можеше со пумпа да се извлечи зашто огромна е површината, а нивото на водата беше плитко“, рече Маја Андоновска Илијевски, директорка на Центарот за култура.

    Таа вели дека кражбата е пријавена во полиција и оти се санира состојбата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира