ДАНЕЛА ГИ ПРАТИ СЕКРЕТАРОТ НА ГРАД СКОПЈЕ И ДИРЕКТОРОТ НА ЈСП СО 5 АВТОБУСИ ДА ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД ВЛАДАТА

    ДАНЕЛА ГИ ПРАТИ СЕКРЕТАРОТ НА ГРАД СКОПЈЕ И ДИРЕКТОРОТ НА ЈСП СО 5 АВТОБУСИ ДА ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД ВЛАДАТАБеа паркирани неколку двокатни автобуси на булеварот и го блокираа сообраќајот. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров, директорот на ЈСП „Скопје“ Александар Стојковски и неколку возачи денеска протестираа пред Владата. Тие паркираа пет двокатни автобуси на булеварот и го блокираа сообраќајот затоа што Владата не им исплатила пари за бесплатен превоз за ученици и студенти во висина од 2 милиони евра.

    Веаботените во ЈСП уште немаат земено плата за месец за септември, а Градот Скопје вината ја префрла во Владата. Од Владата одговорија дека не должат ниту денар на Град Скопје, а за студентски билети не биле предвидени пари бидејќи студентите учебната 2021/2022 учеа онлајн.

    Вработените во ЈСП Скопје најавија дека утре сабајле со семејствата ќе протестираат пред централата на јавното претпријатие ако денеска не им биде исплатена септемвриската плата. Како виновници за неисплатената плата, тие ги посочија скопската градоначалничка Данела Арсовска и директорот на ЈСП Александар Стојковски.

    Ниту Глигоров ниту Стојковски не одговорија зошо протестираат сами, зошто немаат поддршка од сите вработени од претпијатието и синдикатите. Новинарите упорно ги прашуваа кога вработените ќе земат плата, но тие не одговараа.

    САКАМДАКАЖАМ.МК го праша директорот Стојковски зошто се ослонуваат само на парите од Владата, кога тие им ги покриваат трошоците за плата и обврски кон добавувачи за септември и како ќе најдат пари за останатите месеци. Стојковски само кусо одговори дека тие живеат од субвенции од Град Скопје бидејќи не остваруваат профит, но не кажа зошто Градот сега не им даде субвенции со што би се решил проблемот и граѓаните не би останале без јавен превоз.

    По барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за денеска е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје. Барањето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ е да се пренаменат средства од буџетот за плати за вработените во ЈСП „Скопје“, а од синдикатот на вработените во ЈСП се надеваат дека на оваа седница ќе се најде решение за исплата на нивните плати.

    Од Министерството за образование  и наука (МОН) велат дека немаат долгови кон ЈСП, дека редовно ги сервисираат своите обврски кон ситес убјекти за што има регулирани законски надлежности или пак со кои има склучени договори по разни основи кои иницираат финансиски обврски, што не е случај со ЈСП– Скопје.

    „Законот за високото образование (член 27 став 6) уредува дека Владата на може да донесе одлука за посебни погодности за студентите, како што се студентска картичка за попусти, бесплатен градски превоз и друго, при што средствата се обезбедуваат од државниот буџет. Но, оваа календарска година, не едонесена ваква одлука, од причина што во зимскиот семестар од студиската 2021-2022,студентите не посетуваа настава со физичко присуство на единиците во состав наУниверзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ во Скопје“, велат од МОН.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира