ДЕПОРТИРАН БУГАРСКИОТ ДРЖАВЈАНИН КОЈ БЕШЕ УАПСЕН СО ДВА НОЖА КАЈ КЛУБОТ „БОРИС ТРЕТИ“ ВО ОХРИД

    ДЕПОРТИРАН БУГАРСКИОТ ДРЖАВЈАНИН КОЈ БЕШЕ УАПСЕН СО ДВА НОЖА КАЈ КЛУБОТ „БОРИС ТРЕТИ“ ВО ОХРИДОтворањето на клубот „Цар Борис Трети“ на 7 октомври беше проследено со протести (Фото: СДК.МК)

    Бугарски државјанин кај кого биле пронајдени два ножа е приведен во близина на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Тој им станал сомнителен на полицајците кои биле во близина и откако го претресле, кај него пронашле два ножа со сечила долги 10 и 15 сантиметри.

    Инцидентот го потврди СВР Охрид, кој соопшти дека 22-годишниот жител на Софија И. Н. И. бил приведен во трговскиот центар „Амам“ на булеварот Македонски просветители.

    „При претрес, кај него се пронајдени два ножа, со што сторил прекршок по член 80 од Законот за оружје“, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

    Тој додаде дека казненото дело било процесирано по брза постапка, бидејќи се работи за странски државјанин, па И. Н. И. добил двегодишна забрана за влез во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира