ДЕНЕСКА ОД 15-20 ЧАСОТ БЕСПЛАТНИ ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ И КОНСУЛТАЦИИ ЗА ЖЕНИТЕ ВО МЕНОПАУЗА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА

    ДЕНЕСКА ОД 15-20 ЧАСОТ БЕСПЛАТНИ ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ И КОНСУЛТАЦИИ ЗА ЖЕНИТЕ ВО МЕНОПАУЗА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦАБолницата со ова се вклучува во одбележувањето на Розов октомври – месецот за борба против рак на дојка. (Фото: СДК.МК)

    На Гинеколошко-акушерското одделение при Клиничката болница во Битола денеска од 15 до 20 часот, прегледите и консултациите на пациентки во менопауза ќе бидат бесплатни. Од 26 октомври до 28 октомври на Одделението за рендген во Битолската болница ќе се вршат бесплатни мамографски прегледи, во терминот од 11 до 13 часот.

    Болницата со ова се вклучува во одбележувањето на Розов октомври – месецот за борба против рак на дојка. Битолските доктори се вклучија во мисија да ја подигнат јавната свест и за други болести кои се опасност за женското здравје.

    Со консулатциите за менопауза целта е да се подигне свеста кај пациентките и да им се објасни се што би сакале да знаат во врска со состојбата, да добијат совети или да се насочат кон дополнителни иследувања или терапија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира