Германија очекува по изборите во Македонија владата да се формира брзо, а СЈО да продолжи со работа, јави државната агенција МИА.
Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер во соопштение испратено од неговото министерство порача дека „на земјата и се потребни итни убедителни резултати во областите на владеење на правото, јавната администрација како и во слободата на медиумите и изразувањето“.
„Специјалното Јавно обвинителство мора да биде во можност да продолжи со својата работа без пречки со цел да открие и да казни злоупотреба на моќ и власт“, се вели во соопштението на германското МНР.
Според официјален Берлин ова е предуслов за граѓаните да ја вратат довербата во државните институции и единствен начин земјата повторно да се врати на патот на евроатланските интеграции.