СКОПСКИТЕ КАФУЛИЊА „ИНТЕРМЕЦО“ И „МОШ“ КАЗНЕТИ СО ПО 13.000 ЕВРА ЗА ГЛАСНА МУЗИКА

    СКОПСКИТЕ КАФУЛИЊА „ИНТЕРМЕЦО“ И „МОШ“ КАЗНЕТИ СО ПО 13.000 ЕВРА ЗА ГЛАСНА МУЗИКААко правните лица не ја платат глобата ќе се поведува постапка во Основен суд. (Фото: СДК.МК)

    Општина Центар казни 4 кафулиња во центарот на Скопје за гласна музика. Кафулињата „Интермецо“ и „Мош“ се казнети со по 13.000 евра, а „Мечос“ и „Локал 45“ со по 6.000 евра.

    Од Општина Центар велат дека овие локали летово добиле опомена оти пуштање гласна музика, но и при повторниот инспекциски надзор во текот на овој месец пак било констатирано надминување на дозволеното ниво на бучава.

    Мерењата се извршени од овластена лабораторија за животна средина и мерење на ниво на бучава, со која Општината има склучен договор. Согласно извештаите од мерењата на бучава предизвикана од гласна музика, измерените вредности во сите случаи ги надминуваат дозволените гранични вредности, согласно Правилникот за гранични вредности на нивото на бучава во животна средина‘. При контролните мерења, повторно се констатирани надминувања на граничните вредности, за што локалите Мош, Мечос, Локал 45 и Интермецо се казнети со платен налог за наплата на глоба во висина од 360.000 до 800.000 денари, во зависност од тежината на сторениот прекршок. Доколку правните лица не ја платат глобата, се поведува постапка во Основен суд“, велат од Општина Центар.

    Од Општина Центар апелираат до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира