Колумбија го зголемила одгледувањето на растението кока, главната состојка на кокаинот, за 43%, се вели во нов извештај на Обединетите нации. Минатата година, областа засадена со кока била проширена од 143.000 на 204.000 хектари, најмногу откако Канцеларијата за дроги и криминал на ОН ги собира овие податоци од 2001 година.
Исто така, количеството произведен кокаин пораснало од 1.010 тони во 2020 на 1.400 тони во 2021.
Колумбискиот претседател Густаво Петро кажа дека војната против дрогите пропадна. Место тоа, тој сака да ја регулира индустријата и да ги прошири програмите. Најголем дел од колумбискиот кокаин завршува во САД и Европа.
Со години, Колумбија се мачеше да ги спречи земјоделците да не одгледуваат кока, но ветувањата за разни стимуланси и субвенции не се реализираа.
„Одгледувањето особено цути во граничните области кои имаат лесен пристап до морето. Производители, шверцери и нелегални вооружени групи заедно работат таму“, се вели во извештајот.
Колумбија во 2015 го забрани прскањето на насадите од воздух, но Доналд Трамп пред две години кажа дека може да продолжи со овој метод.