ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата освои 51 пратеник, два повеќе од СДСМ и коалицијата, според првичните, но не и конечни резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори, кои вечерва ги соопшти Државната изборна комисија. ДУИ ќе има 10 пратеници, БЕСА 5, Алијанса за Албанците 3 и ДПА 2 и тоа се коалициите и партиите што влегуваат во новиот парламент.
Според официјалната веб страница на ДИК, 100 отсто од гласовите од шесте изборни единици беа преброени уште утринава, но ДИК дури вечерва излезе со распределба на мандатите по Донтовиот метод.