Иранскиот пустиник кого го нарекуваа „највалканиот човек на светот“ затоа што не се избањал повеќе од половина век почина на 94 години, објавија тамошните државни медиуми. Новинската агенција „Ирна“ објави дека Аму Хаџи починал во своето село во јужната провинција Фарс.
Локалните медиуми пишуваа дека Хаџи не се избањал со вода и сапун повеќе од 60 години. Селаните кажале дека тој доживеал емоционални трауми во младоста поради што одбивал да се бања. Тој наводно верувал дека чистотата може да го убие.
Но, пред неколку месеци, соселаните успеале да го убедат да се избања, објави „Ирна“.
По смртта на Хаџи, овој неофицијален рекорд би можел да го преземе Индиецот Кајлаш Синг, кој тврди дека не се избањал повеќе од 30 години.