ЌЕ ИМА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО КАКО И ДОСЕГА, АКО СЕ ПРОДОЛЖИ СО ЛЕТНОТО ПОВЕЌЕ ЌЕ СЕ ТРОШИ СТРУЈА, ВЕЛИ ВЛАДАТА  

    ЌЕ ИМА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО КАКО И ДОСЕГА, АКО СЕ ПРОДОЛЖИ СО ЛЕТНОТО ПОВЕЌЕ ЌЕ СЕ ТРОШИ СТРУЈА, ВЕЛИ ВЛАДАТА  Ако остане летното сметање на времето ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија од 1,5 до 3,5 проценти. (Фото: СДК.МК)

    Ќе остане зимското сметање на времето како и досега, односно в недела стрелките на часовникот ќе се вратат за еден час. Владата на денешната седница одлучи да не се продолжи и в зима со летно сметање на времето, туку во последната недела во октомври да стартува зимското сметање како што се практикуваше и досега.

    Оваа одлука е донесена врз основа на проценката на Министерство за економија направена во соработка со Министерствата за финансии,  за внатрешни работи, за образование и наука и за труд и социјална политика, со Агенцијата за електронски комуникации, Бирото за метрологија, Стопанската комора, Управата за хидрометеоролошки работи, Стопанската комора на северозападна Македонија и Економскиот факултет во Скопје.

    „Од прикажаната пресметка за потребна топлина и анализата на промените на надворешните температури на часовно ниво, воочено е дека задржувањето на летното сметање на времето ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија од 1,5 – 3,5 проценти за грејната сезона. Согласно направената анализа на движењето на температурите во утринските часови и пресметките за потребна топлина за загревање, заклучено е дека со враќање во зимско сметање на времето ќе се заштеди на потрошувачка на електрична и топлинска енергија“, се вели во соопштението на Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира