Обединетото Кралство донираше 14- мобилни единици, контејнери, кои на македонската армија ќе и служат за обука. Истите се лоцирани на воениот полигон Криволак, на тренинг центарот. Нивната промоција беше со показна вежба, изведена од воената полиција на АРМ, во која се чуваше ВИП личност и се разбиваа улични немири. На промоцијата беше присутен лордот Стјуарт Пич, специјален претставник на Лондон за Западен Балкан.
„Ова е доказ за нашето партнерство, особено во овие моменти кога се води војна на континентот. Ние сме тука за настапуваме заедно во одбраната, во рамките на одвраќањето на агресијата од страна на Русија“, кажа лордот Пич.
Донацијата е вредна 400 илјади британски фунти. Тоа е уште една инвестиција за развој на полигонот Криволак, но и на капацитетите, каде не само македонската армија туку и сојузничките, ќе може да вршат обука.
„Донацијата е значајна за развојот на полигон Криволак. Таа ќе биде од голема корист за развој на човечките ресурси во армијата, а НАТО придобивките секој ден се повидливи“, кажа министерката за добрана Славјанка Петровска.
Донираните 14 мобилни единици се во прилог на доопремување на армискиот полигон Криволак.
П. ПЕЧКОВ