МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА ПРИЈАВИЛА БИТОЛСКИ АКТЕР ЗА ВОЗНEМИРУВАЊЕ ПРЕКУ ФЕЈСБУК, ПОЛИЦИЈАТА МУ ДАЛА УСНА ОПОМЕНА

    МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА ПРИЈАВИЛА БИТОЛСКИ АКТЕР ЗА ВОЗНEМИРУВАЊЕ ПРЕКУ ФЕЈСБУК, ПОЛИЦИЈАТА МУ ДАЛА УСНА ОПОМЕНАВо постот, актерот Мавровски, кој вели дека е од ВМРО-ДПМНЕ, за Костадинова-Стојчевска кажува дека од директорот на РЕК Битола ќе добие продолжен повеќенаменски кабел, како награда дека штеди струја (Фото: СДК:МК)

    Битолскиот актер Васко Мавровски синоќа бил викнат на 40-минутен службен разговор во полиција по пријава на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за вознемирување на Фејсбук, па пуштен – со усно предупредување.

    Објавата за која што е пријавен Мавровски, кој патем е портпарол на локалната ВМРО-ДПМНЕ, е следниов:

    „Еве на четириесет и некоја дознав дека квалитетот на културните настани се мери со заштеда на електрична енергија. Дали ваквите неадекватни изјави се должат на нивото на ПМ радиоактивни вдишани честици од воздухот во Битола или блискиот контакт со гранде шефо на РЕК-о Васко Ковачевски, од кој очекувам во скоро време на сите ‘штедачи’ по метро и пол продолжен кабел да ви подари (повеќенаменски)? Бисера Костадиновска Стојчевска претстава НОЌЕ без светло не се игра!“.

    По овој пост за кабелот на подарок, Костадиновска-Стојчевска го пријавила Мавровски во полиција.

    Од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека вчера во 21 часот, во врска со поплака, со покана било повикано лицето В.М.(41) од Битола. В.М. е предупреден во врска со поплаката, вели Министерството.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира