УКРАИНСКИ ОЛИГАРХ ПОД САНКЦИИ НА САД ДОБИЛ МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО ЗА ДА НАСТАПУВА ЗА КОЊИЧКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

    УКРАИНСКИ ОЛИГАРХ ПОД САНКЦИИ НА САД ДОБИЛ МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО ЗА ДА НАСТАПУВА ЗА КОЊИЧКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАОнишенко настапи под македонско знаме на турнир во Сен Тропе минатиот месец. (Фото: Инстаграм/принтскрин)

    Украинскиот олигарх Александр Онишенко, кој е бегалец од правдата во Украина и истовремено е под санкции на САД како дел од руска мрежа за мешање во американските избори, на 31 мај годинава добил македонско државјанство со одлука на Владата, објави БИРН.

    Онишенко, кој се збогатил со бизнис со гас, од 2016 година е во бегство откако во Украина е отворена истрага против него за корупција и перење пари, а од јануари лани е на листата на санкционирани личности на САД.

    Во записникот од владината седница на 31 мај, како што објави БИРН, стои дека Владата го разгледала барањето на Александр Онишенко за прием во државјанство на Република Северна Македонија и утврдила позитивно мислење по барањето, имајќи го предвид позитивното мислење на Агенцијата за млади и спорт.

    Барањето за Онишенко е дојдено од Коњичката федерација, која проценила дека тој ќе го поддржи развојот на коњичкиот спорт и ќе ја претставува нашата држава на врвни спортски меѓународни настани.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира