ДРЖАВАТА ЌЕ ГО ПЛАТИ ДОЛГОТ ОД 7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СТРУЈА НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ, РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИ

    ДРЖАВАТА ЌЕ ГО ПЛАТИ ДОЛГОТ ОД 7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СТРУЈА НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ, РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИКовачевски денеска на отворањето на Првиот национален саем за храна и пијалаци во Градскиот парк во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје има 7 милиони евра долг за струја, ЕВН најави дека ќе го исклучи ако не го подмири или донесе банкарска гаранција. Премиерот Димитар Ковачевски прашан како Владата ќе му помогне, кажа дека обврска на државата и на Министерството за финансии е да обезбеди средства за непречено функционирање на Клиничкиот центар.

    „Мора да бидеме свесни дека Министерството за здравство помина низ еден долг процес на борба со коронакризата и тогаш сите граѓани беа згрижени без да има какво било нарушување на процесот на пружање на такви услуги. Сите ресорни министри кажаа дека е обврска на државата да обезбеди здравствени услуги и во оваа сега енергетска криза исто како и образовни услуги што го правиме и преку нудење на електрична енергија по пониски цени од берзанските преку ЕСМ. Исто ќе направиме и со финансиски средства и за фирми како ЕСМ, како и за други витални функции на државата“, одговори Ковачевски по отворањето на Првиот национален саем за храна и пијалаци во Градскиот парк во Скопје.

    Вчера, Телма објави дека скопските клиники три години не ги плаќале сметките, ниту пак поднеле банкарска гаранција која според правилникот на Регулаторната комисија за енергетија би ги спасила од исклучување. Без плаќање на сметките или банкарска гаранција, Клинички центар не е иззмен од исклучување иако е клучна инфраструктура.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира