Четири лица починаа, а 38 се повредени по експлозијата на најфреквентната улица Истиклал во центрот на Истанбул, изјави гувернерот на турскиот град. Али Јерликаја на Твитер напиша дека експлозијата се случила во 16:20 по локално време, додавајќи дека има „жртви и повредени“.
Не е познато што ја предизвикало експлозијата, од која снимки објавија граѓаните на социјалните мрежи. На лице место се спасувачки екипи, хелихоптери и амбулатни возила.
Нема официјални информации за бројката на повредени и жртви, иако некои локални медиуми велат дека најмалку 11 лица се повредени.
Главното јавно обвинителство во Истанбул започна истрага за експлозијата. Назначени се пет јавни обвинители. Кривичниот суд на Истанбул забрани емитување на сите визуелни и аудио вести и социјални мрежи поврзани со експлозијата.
Станува збор за една од најфреквентните улици во областа Бејоглу на кои има многу продавници, на која во 2016 години имаше напад на бомбаш самоубиец.