НЕНСИ ПЕЛОСИ ПО 19 ГОДИНИ ВЕЌЕ НЕМА ДА ГИ ВОДИ ДЕМОКРАТИТЕ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС

    НЕНСИ ПЕЛОСИ ПО 19 ГОДИНИ ВЕЌЕ НЕМА ДА ГИ ВОДИ ДЕМОКРАТИТЕ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕСПелоси е прва жена на позицијата спикер на Претставничкиот дом (Фото: АП)

    Ненси Пелоси објави дека веќе нема да биде лидерка на Демократите во Претставничкиот дом, повлекувајќи се од улогата што ја држеше 19 години. Осумдесет и двегодишната Пелоси беше најмоќниот претставник на Демократската партија во американскиот Конгрес и прва жена на позицијата спикер на Претставничкиот дом.

    Таа кажа дека останува во Конгресот како претставничка на својот округ во Калифорнија.

    Одлуката на Пелоси следува откако денеска беше потврдено дека Републиканците ја преземаат контролата во Претставничкиот дом по тесната победа на минатонеделните избори за Конгресот.

    Сега мора храбро да се придвижиме кон иднината. Нема да барам повторен избор за демократски лидер во следниот Конгрес. Дојде време нова генерација да ја води партијата“, изјави Пелоси, која доби сточеки овации по својот говор.

    Се очекува нов спикер на Претставничкиот дом да биде републиканецот Кевин Мекарти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира