Во експлозија на гас во станбена зграда загинаа најмалку девет луѓе, вклучувајќи четири деца, на островот Сахалин на далечниот исток на Русија, соопштија регионалните власти.
Дел од петкатна зграда во градот Тимовскоје се сруши откако боца со гас експлодираше во еден од становите околу 5.30 часот по московско време.
Гувернерот на Сахалин Валери Лимаренко на Телеграм напиша дека спасувачките тимови трагаат по преживеани во рушевините. Тој додаде дека дел од 33-те лица кои живееле во зградата сè уште се водат како исчезнати.
Регионалниот обвинител отвори истрага за експлозијата.