ДВЕ ПОЗНАТИ ИРАНСКИ АКТЕРКИ УАПСЕНИ ЗАШТО ЈА ТРГНАА ШАМИЈАТА ЗА ДА ГИ ПОДДРЖАТ ПРОТЕСТИТЕ

    ДВЕ ПОЗНАТИ ИРАНСКИ АКТЕРКИ УАПСЕНИ ЗАШТО ЈА ТРГНАА ШАМИЈАТА ЗА ДА ГИ ПОДДРЖАТ ПРОТЕСТИТЕХенгамех Газијани ја обвини иранската влада дека убила повеќе од 50 деца (Фото: АФП)

    Две угледни ирански актерки се уапсени откако јавно ги поддржаа масовните антивладини протести, објавија државните медиуми. Хенгамех Газијани и Катајун Ријахи се обвинети дека поттикнувале немири и дејствувале против иранските власти.

    Тие се појавија во јавност без шамија на главата, гест со кој ги поддржаа протестите кои почнаа во септември, по смртта на 22-годишната Махса Амини во полициски притвор. Двете наградувани актерки се приведени вчера по налог на иранското јавно обвинителство, објави новинската агенција „Ирна“.

    Од овој момент, што и да се случи, знајте дека секогаш ќе бидам со народот на Иран. Ова е можеби мојата последна објава“, напиша Газијани на социјалните мрежи непосредно пред апсењето.

    Минатата недела, таа ја обвини иранската влада дека убила повеќе од 50 деца.

    Газијани и Ријахи се меѓу бројните познати личности во Иран кои ги поддржаа протестите, во кои досега загинале околу 400 демонстранти. Исто така, најмалку пет лица се осудени на смрт во врска со протестите, што иранските лидери ги опишуваат како немири организирани од непријателски земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира