ОРБАН ГИ НАЛУТИ РОМАНИЈА И УКРАИНА СО ШАЛОТ СО МАПАТА НА ГОЛЕМА УНГАРИЈА

    ОРБАН ГИ НАЛУТИ РОМАНИЈА И УКРАИНА СО ШАЛОТ СО МАПАТА НА ГОЛЕМА УНГАРИЈАОрбан вели дека унгарската репрезентација е тим на сите Унгарци, без разлика каде живеат (Фото: Инстаграм)

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги налути своите соседи Романија и Украина откако носеше навивачки шал на кој е прикажана некогашната голема Унгарија. Мапата ја претставува старата унгарска царска територија која постоела пред поразот на Австро-Унгарија во Првата светска војна.

    Романија протестираше кај унгарскиот амбасадор во Букурешт, изразувајќи „цврсто неодобрување“ на гестот на Орбан, а Украина побара официјално извинување.

    Промоцијата на ревизионистички идеи на Унгарија не придонесува за развојот на унгарско-украинските односи и не е во согласност со европските принципи“, изјави портпаролот на украинското министерство за надворешни работи Олег Николенко.

    Орбан го носеше шалот за време на пријателската средба Унгарија-Грција, одиграна во неделата. Тој кажа дека унгарската репрезентација е тим на сите Унгарци, без разлика каде живеат.

    Околу 1,2 милиони Унгарци живеат во Романија, како и 150.000 во западна Украина и во минатото имаше тензии кога Орбан се обидуваше да го промовира унгарскиот идентитет во двете земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира