Возбудени лекари, инструментарки и сестри се гушкаа и си ги бришеа солзите радосници во операционата сала на Клиниката за дигестивнаа хирургија по првата првата трансплантација на црн дроб од починат дарител.
Министерството за здравство објави дека шеесетгодишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите. Операцијата ја направи проф. д-р Зоран Караџов и неговиот тим од Клиниката за гастроентерохепатологија.
Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест, објави на Фејсбук Министерството за здравство.
„Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминатите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите. Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство“, вели министерот за здравство Беким Сали.
Првата трансплантација на срце од починат дарител во земјава беше направена на 23 мај 2020, а досега се направени вкупно 7 пресадувања на срце.
Б. НЕСТОРОСКА