ПЕЛЕ Е СТАВЕН НА ПАЛИЈАТИВНА НЕГА, ПРЕКИНАТА МУ Е ХЕМОТЕРАПИЈАТА

    ПЕЛЕ Е СТАВЕН НА ПАЛИЈАТИВНА НЕГА, ПРЕКИНАТА МУ Е ХЕМОТЕРАПИЈАТАПеле (82) важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времињa. (Фото: АП)

    Бразилската фудбалска легенда Пеле е на палијативна нега откако хемотерапијата за ракот на дебелото црево престана да ги дава очекуваните резултати, пренесуваат медиумите.

    Според медицински извештаи, Пеле (82), кој важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, во вторникот беше примен в болница за да се процени неговото лекување и подоцна доби респираторна инфекција.

    Бразилските медиуми објавија дека хемотерапијата е стопирана и дека на Пеле му се пружа палијативна нега. Го лекуваат за болката и недостатокот на воздух. Ниту неговиот менаџер ниту болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Пауло не ги коментираа написите.

    Лани во септември му беше отстранет тумор од дебелото црево и оттогаш добива стандардна терапија.

    Во четвртокот, Пеле на Инстаграм објави дека е в болница „на стандардна месечна посета“ и им се заблагодари на обожавателите за сите охрабрувачки пораки кои кои добил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира