ОСТАНУВАМЕ ПРЕД ГРАД СКОПЈЕ, НИКОЈ НЕМА ДА СЕ ПРИЈАВИ НА ОГЛАСОТ, ВЕЛАТ ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ

    ОСТАНУВАМЕ ПРЕД ГРАД СКОПЈЕ, НИКОЈ НЕМА ДА СЕ ПРИЈАВИ НА ОГЛАСОТ, ВЕЛАТ ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИГрад Скопје им должи 1,5 милиони евра, но градоначалничката Данела Арсовска нема намера да го плати долгот. (Фото: К. Попов)

    Приватните превозници продолжуваат со блокадата на булеварот Илинден и најавуваат дека нема да се повлечат додека Град Скопје не им исплати барем дел од долгот. Град Скопје им должи 1,5 милиони евра, но градоначалничката Данела Арсовска нема намера да го плати долгот и вели да тужат.

    Од Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска нема никаков глас и најава за решавање на нашите барања. Очигледно е дека сакаат да направат раздор меѓу нас со распишување на новиот оглас. Ниту еден приватен превозник нема да се пријави на новиот оглас“, вели Кемал Муриќ, превозник во „Слобода превоз“.

    Превозниците во петокот отидоа во Владата да бараат средба со премиерот Димитар Ковачевски и се надеваат дека ќе се вклучи во решавање на спорот со Арсовска. Ковачевски кажа дека треба да се обратат кај Данела Арсовска и Христијан Мицкоски.

    Тоа се двете адреси каде што треба да се бараат одговорите и решенијата. Владата нема ингеренции во јавниот превоз во Скопје и Владата не е соодветна адреса. Нивните меѓусебни кавги го парализираа градот, тие пред сѐ треба да им се извинат на скопјани, па да седнат да го решат проблемот и тоа веднаш. Доста трпеа скопјани. Мнозинството во Советот на Град Скопје е на ВМРО-ДПМНЕ, претседавачот на Советот е од ВМРО-ДПМНЕ, директорите на јавни претпријатија и членовите на Управните одбори на тие претпријатија исто така се од ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам да седнат и да најдат решение за проблемот што самите го создадоа“, рече Ковачевски во интервју за МИА.

    Арсовска минатиот месец ги раскина договорите со двата приватни превознци „Слобода превоз“ и „Макеспрес“ и оттогаш јавниот превоз е во колапс. Во петокот го објави огласот за избор на приватни превозници за линиите 20 и 22. Како што стои во огласот, за линијата 20 потребни се десет автобуси и 23 возачи, а за линијата 22 десет автобуси и 21 возач.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира