ЗАКАНИ ЗА БОМБИ ВО 15 ШКОЛИ ВО СКОПЈЕ

    ЗАКАНИ ЗА БОМБИ ВО 15 ШКОЛИ ВО СКОПЈЕВо тек се антитерористички проверки, велат од МВР. (Фото: К. Попов)

    Денеска околу 08.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа, соопшти МВР.

    Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

    Пред два дена, дојави за бомби добија девет скопски училишта и едно во Кавадарци, како и Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити и трговскиот центар „Ист гејт“, а проверките покажаа дека дојавата била лажна.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира