Државната инспекција за животна средина извршила вонредна контрола во фирмата „АБ-Метал трејд 2021“ од Велес, при што било констатирано дека неправилно складирала хаварисани возила, за што ѝ е изречена парична казна.
„Констатирано е дека согласно Законот за управување со отпад, правното лице не ги исполнува условите од дозволата за управување со отпад, а за одговорното лице е утврден прекршок согласно истиот Закон. Правниот субјект врши прием и складирање на искористени возила и нивни компоненти што не е одобрено во дозволата издадена од Министерството за животна средина“, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина.
Поради констатираните неправилности, бил изготвен Записник за спроведување постапка за спогодување.
П. ПЕЧКОВ