ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ПО МАРКЕТИТЕ ЌЕ ПОЧНАТ ДА СЕ НАМАЛУВААТ КОГА ЌЕ СЕ ПОТРОШАТ ЗАЛИХИТЕ ОД ПРЕТХОДНО, ВЕЛИ БЕКТЕШИ

    ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ПО МАРКЕТИТЕ ЌЕ ПОЧНАТ ДА СЕ НАМАЛУВААТ КОГА ЌЕ СЕ ПОТРОШАТ ЗАЛИХИТЕ ОД ПРЕТХОДНО, ВЕЛИ БЕКТЕШИБектеши и владата се договорија со производителите на храна да ги намалат цените за најмалку 10 отсто откако ќе бидат префрлени на поевтина струја од 1 декември. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека намалување на цените на основните прехранбени производи ќе почнат да се намалуваат од следната недела, кога ќе бидат потрошени залихите што ги имаат во магацините и кои што се набавени по поскапа цена.

    Бектеши и владата се договорија со производителите на храна да ги намалат цените за најмалку 10 отсто откако ќе бидат префрлени на поевтина струја од 1 декември.

    „Во нивните магацини имаа залихи на производи и домашни производи кои користат дистрибутер и производи кои се увезуваат во нашата држава. Тие залихи се набавени со различни цени. Новите залихи се набавуваат со други цени кои се пониски од претходните, што значи дека претходните залихи треба да се потрошат. Најверојатно ќе се потрошат оваа недела или на почеток на наредната недела, по што ќе се забележи дека ќе има намалување на цените на тие производи во синџирите на супермаркетите“, изјави Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на Словенечко-македонскиот форум за економска соработка.

    Тој повтори дека очекуваат намалување на цените од 7 до 12 отсто, но додаде дека тоа не е возможно да се случи моментално.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира