ШЕФОТ НА ПОЛСКАТА ПОЛИЦИЈА ПОВРЕДЕН ОТКАКО ЕКСПЛОДИРАЛ ПОДАРОК ШТО ГО ДОБИЛ ОД УКРАИНА

    ШЕФОТ НА ПОЛСКАТА ПОЛИЦИЈА ПОВРЕДЕН ОТКАКО ЕКСПЛОДИРАЛ ПОДАРОК ШТО ГО ДОБИЛ ОД УКРАИНАЈарослав Шимчик се здобил со мали повреди во инцидентот (Фото: АФП)

    Шефот на полската полиција Јарослав Шимчик е превезен во болница со лесни повреди откако експлодирал подарок што го добил од висок украински функционер.

    Синоќа се случи експлозија во собата веднаш до канцеларијата на шефот на полицијата. Експлодираше еден од подароците што тој го добил при работната посета на Украина на 11 и 12 декември“, објави министерството за внатрешни работи.

    Шимчик таму се сретнал со шефовите на украинската полиција и на итните служби, при што добил подарок од еден од нив. Неговите повреди се опишани како минорни, но ќе остане во болница заради натамошни прегледи. Во инцидентот е повредено уште едно лице.

    Полска побара објаснување од Украина за тоа што се случи“, рекоа од полското МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира