ИЗМИСЛУВАТЕ, НИКАДЕ НЕ СМЕ ГО НАВРЕДИЛЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛА

    ИЗМИСЛУВАТЕ, НИКАДЕ НЕ СМЕ ГО НАВРЕДИЛЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛАЃеоргиевски денеска даде исказ во Обвинителството во Битола по кривичната пријава за ширење ксенофобија и расизам поднесена од Левица. (Фото: СДК.МК)

    „Нема такво нешто, вие измислувате“, им рече на новинарите претседателот на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Љупчо Ѓоргиевски, на прашањето дали се чувствува како ксенофоб со тоа што на интерент страницата на здружението се објавуваат содржини и коментари кои го навредуваат македонскиот народ. Тој денеска даде исказ во Обвинителството во Битола по кривичната пријава за ширење ксенофобија и расизам поднесена од политичката партија Левица.

    „Не постои воопшто такво нешто на нашата страницата. Јас не можам да одговарам во името на илјадници што коментираат. Се администрира страната колку што може. Никаде не сме го навредиле македонскиот народ“, рече Ѓоргиевски.

    На интернет страницата на Културниот центар „Иван Михајлов“, во врска со распитот на Ѓоргиевски е објавена изјава на секретарот на центарот Благој Шаторов, во која се вели дека овој „политички монтиран поцес преку нереформирано законодавсто создадено во Титова Југославија е како во времето на црвените српско-комунистички орди“. Објавувани се текстови, стари написи по весници, говори на личности од историјата од минатото каде 11 Октомври е наречен Ден на жалоста, дека „света должност е да се работи за слободата на Македонија и нејзината бугарштина“. Читателите се јавуваат со навредливи коментари дека земјата е српска творевина и дека „Михајлов на сите ќе ви дојде до ак“. Цитат од Михајлов е врамен и во клубот во Битола, а на кој се негира македонската нација.

    Адвокатот на Ѓоргиевски, Насер Рауфи, рече дека сè уште нема обвинителен предлог и дека беа повикани само во рамките на истрагата. Тој рече дека ако има нешто од ксенофобија тоа треба да се бара кај поднесителот на кривичната пријава, претседателот на Левица Димитар Апасиев.

    „Извршивме увид во предметот. Сè се сведува на наводни докази, приложени се историски факти , слики, цитати посебно од Ванчо Михајлов и други историски личности . Не може да стане збор за такво кривично дело ширење на расизам и ксенофобија по пат на компјутерски систем“, рече Рауфи.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира