ПРВПАТ ДОСЕГА, НЕМАШЕ УАПСЕНИ БРИТАНСКИ НАВИВАЧИ НА ЕДНО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

    ПРВПАТ ДОСЕГА, НЕМАШЕ УАПСЕНИ БРИТАНСКИ НАВИВАЧИ НА ЕДНО СВЕТСКО ПРВЕНСТВООднесувањето на Англичаните и Велшаните во Катар било за пример (Фото: Тајмс)

    Британските фудбалски фанови се однесувале пристојно во Катар и ниеден не бил уапсен за време на Светското првенство, објави британската полиција.

    Однесувањето на Англичаните и Велшаните во Катар беше за пример. За време на првенството не беше уапсен ниеден навивач, ниту имаше пријавено инциденти“, изјави Марк Робертс од полицијата на Чешир, задолжена за следење на фудбалските навивачи.

    На последниот Мундијал во Русија биле уапсени тројца англиски навивачи.

    Традиционално, секогаш имаме неколкумина уапсени навивачи на светско првенство, но да немаме ниеден е нешто што не сме го виделе досега. Би било погрешно доколку ова извонредно однесување би се поврзувало исклучиво со ограничувањата за продажба на алкохол во Катар, но мислам дека тоа помогна до одреден степен“, додаде Робертс.

    Англија и Велс дури имаа меѓусебен дуел во групната фаза и поразот од 3:0 придонесе Велшаните порано да си одат дома.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира