ДИК ПРИФАТИ ПРИГОВОР НА БЕСА, ПОНИШТЕНО ГЛАСАЊЕ ВО ИЗБИРАЧКО МЕСТО ВО „ШЕСТКАТА“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИК ПРИФАТИ ПРИГОВОР НА БЕСА, ПОНИШТЕНО ГЛАСАЊЕ ВО ИЗБИРАЧКО МЕСТО ВО „ШЕСТКАТА“

    Државната изборна комисија го прифати приговорот на Беса за избирачкото место избирачкото место 0396/1 во Гостивар, откако со графолошко вештачење беше утврдено дека некој друг се потпишал место гласачката Фатиме Сулејмани на изборите во неделата. За прифаќање на приговорот на Беса и поништување на гласањето во избирачкото место гласаа шестмина од ДИК, а тројца беа против. Гласањето во ова избирачко место ќе биде повторено, ако влијае на конечниот резултат на изборите во шестата изборна единица.

    „Со 6 гласа за и 3 против е усвоен приговорот на Беса. Констатирам дека ДИК има донесено решение гласањето да се поништи. Гласањето ќе се повтори само доколку вкупниот број на гласачи во тоа избирачко место влијае на конечниот резултат на изборите. Графолошкото вештачење го изврши Марина Совревска, дипломиран графолог инженер и заклучи дека спорниот потпис на име Фатиме Сулејмани не е автентичен со неспорните потписи со лицето Фатиме Сулејмани односно не е испишан од нејзина страна“, изјави претседателот на ДИК Александар Чичаковски.

    Ова беше последниот приговор на Беса, а претходните седум беа одбиени.

    За случајот на Фатиме Сулејмани, истрага отвори гостиварското Основно јавно обвинителство.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира