Една жена е уапсена откако упаднала во домот на Роберт де Ниро во Њујорк со цел да ги украде подароците под неговата божиќна елка. Полицијата ја видела жената како влегува во подрумот на зградата и потоа пронашла траги на насилно влегување.
Таа од порано ѝ била позната на полицијата по бројните апсења за грабеж.
Американските медиуми објавија дека 79-годишниот Де Ниро се симнал по скали во пижама откако слушнал метеж. Портпаролот на легендарниот актер изјави дека тој е добро и додаде дека обидот за грабеж се случил во домот што привремено го изнајмува.
Портпаролот на њујоршката полиција кажа дека полицајци ја следеле жената до станот и ја фатиле во дневната соба кога се обидувала да ги земе подароците кои биле под елката. Полицајците претходно не знаеле дека Де Ниро живее тука.