ДЕЛНИЦАТА КАТЛАНОВО-ПЕТРОВЕЦ ОД 5 КМ СЕ ПРАВИ ВЕЌЕ ДВЕ ГОДИНИ, БОЧВАРСКИ НАЈАВИ ДЕКА НОВИОТ ИЗВЕДУВАЧ ЌЕ ЈА ЗАВРШИ ДОГОДИНА

    ДЕЛНИЦАТА КАТЛАНОВО-ПЕТРОВЕЦ ОД 5 КМ СЕ ПРАВИ ВЕЌЕ ДВЕ ГОДИНИ, БОЧВАРСКИ НАЈАВИ ДЕКА НОВИОТ ИЗВЕДУВАЧ ЌЕ ЈА ЗАВРШИ ДОГОДИНАПатарината се наплатува редовно, иако на еден дел се вози на една коловозна лента (Фото: СДК.МК)

    Петкилометарската делница Катланово-Петровец од автопатот Велес-Скопје се реконструира повеќе од две години. Возачите кои често возат по овој пат реагираат на темпото на работа.

    „Неколку месеци не се работи ништо, а и претходно немаше многу активности. А, патарината се наплатува редовно, иако на еден дел се вози на една коловозна лента“, вели велешанец кој секојдневно патува на работа на релацијата Велес-Скопје и обратно.

    Иако на почетокот на работите во септември 2020, инвеститорот најави рок на изградба од 10-12 месеци, тој не беше испочитуван. Министерот Благој Бочварски, кој тогаш го најави стартот на реконструкцијата, сега објаснува дека градежната фирма која ја работела оваа делница покажала слаби резултати.

    „Поради енормно слабиот прогрес на работите и пробивањето на рокот, бевме доведени во ситуација да го раскинеме договорот, оти истиот не беше почитуван. Распишавме постапка за избор на нов изведувач. Таа е завршена и имаме избрано нов изведувач. Тој би почнал со работа следната година, согласно временските услови. Делницата ќе биде завршена следната година“, кажа Бочварски.

    Тој потсети дека овој период активно се работи на реконструкцијата и асфалтирањето на стариот пат од Катланово до Велес, во вкупна должина од девет километри.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира