Ако до пред 12 години во Битола имаше во просек околу 17.000 до 18.000 битолчани кои гледале по една театарска претстава, сега таа бројка е повеќе од преполовена и ги има од 6.000 до 7.000 кои биле барем на една претстава, рече директорот на Народен театар Битола, Иван Јерчиќ на денешната прес-конференција за новата премиера. Запрашан зошто претставите немаат долг живот како некогаш, Јерчиќ истакна дека дел од нив подолго се задржуваат на репертоарот, задоволен е и со публиката, но трендот на намалување трае со години и пред с ѐсе должи на демографската структура на Битола.
„Не би рекол дека публика има сѐ помалку. Гледашиштето во Битола е со 420 седишта, тоа е веќе големо за Битола со оваа демографска труктура. Најчесто се доаѓа на премиера и на првата реприза до 300 гледачи и тоа е сѐ. Задоволен сум од посетеноста имајќи ги предвид трендовите и сознанијата во разговор со други колеги од Македонија дека неколку години наназад во криза е театарот со публика. Огромен проблем е тоа што еден дел од луѓето не сакаат да одат на теаатр, но навистина мислам дека големо влијание има демографската структура. Дури ни тешката комерцијала или како што јас го викам петпарачки театар не може да ја врати назад публиката повеќе од една или две изведби по полн салон, а потоа се ретчи“, рече Јерчиќ.
Битола со години нанзад е погодена од бран на иселување, па дел од младите и работоспособното население се иселија во Скопје или странство, претежно се останти повозрасни битолчани и пензионери.
Во однос на репертоарската политика Јерчиќ рече дека кога стана директор на Театарот се двоумел дали да понуди комерцијални претстави или да се занимава со оние кои ќе остават белег. „Се одлучив за втортото, па одлуката е на моја одговорност. Времето ќе покаже дали бев во право. На крај на краиштата секој прави театар каков што сака да гледа“, рече тој.
Сепак, и покрај намалените бројки на гледачи, во битолската театарска сала чето можат да се видат и млади посетители. Тоа не е во организација со училиштата, туку доаѓаат сами.
Иван Пеновиќ, режисер од Хрватска кој ја режира новата премиера на Народниот театар од Битола „Татко на татковината“ закажана за утре, 21 декември, рече дека кризата со публика е глобална и се чувствува и во околните земји.
„Со оглед на тоа колку е присутен Интернетот кој нуди серии и лесни содржини што может да се гледаат од креветот, оваа криза стана глоблна“, рече Пеновиќ.
Ж. ЗДРАВКОВСКА