ЗА 15 МЕСЕЦИ РЕКОНСТРУИРАНИ ШЕСТ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПАТНИ ПРЕМИНИ ВО ВЕЛЕС

    ЗА 15 МЕСЕЦИ РЕКОНСТРУИРАНИ ШЕСТ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПАТНИ ПРЕМИНИ ВО ВЕЛЕСМодернизацијата на железничкиот патен премин во Дворови беше на барање на граѓаните (Фото: СДК.МК)

    Со реконструкцијата на железничкиот патен премин „Дворови“ во правец на Железен мост, завршија годинашните работи на санација. За 15 месеци модернизирани се шест патни премини во Велес, како и оние кај фабриката „Киро Ќучук“ и за населбата Горно Оризари.

    „Реконструкцијата опфати промена на шини и прагови и измена на толчаничка призма, за потоа да продолжи со поставување бетонски елементи, темели и ивичници. На крај се постави гума, изработена од рециклирана гума, со која полесно се минува преку преминот. Тоа целосно е нова коловозна конструкција“, кажа Димче Ќамилов, раководител на ЗОП Велес.

    Локалната власт изврши асфалтирање на приодите кон премините.

    Модернизацијата на железничкиот патен премин во Дворови доаѓа на барање на граѓаните. Иако првично не било планирано да се реконструира, Општина Велес и МЖ Инфраструктура направија напор брзо да се реши и овој проблем.

    Следната година останува да се реконструира преминот кај Штипска пруга. За тоа ќе биде потребно да се најде сообраќајно решение, односно како ќе се одвива сообраќајот за тешките возила, кои го користат овој патен правец за да можат да влезат во индустрискиот дел на Велес или да се упатат кон Чашка.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира