ЛАЖНИ СЕ ПРИЈАВИТЕ ЗА БОМБИ ВО ШКОЛИТЕ ВО СКОПЈЕ, БИТОЛА, ТЕТОВО, ПРИЛЕП И СТРУШКО

    ЛАЖНИ СЕ ПРИЈАВИТЕ ЗА БОМБИ ВО ШКОЛИТЕ ВО СКОПЈЕ, БИТОЛА, ТЕТОВО, ПРИЛЕП И СТРУШКОСo детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопшти МВР. (Фото: СДК.МК)

    Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Струшко, соопшти
    Министерството за внатрешни работи (МВР).

    „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопшти МВР.

    Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја напуштија седницата на чиј дневен ред како единствена точка е информацијата за преземени мерки и активности на МВР за лажните дојави затоа што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Комисијата Миле Талевски побараа целата седницата да биде затворена за јавноста. Членовите од ВМРО-ДПМНЕ бараа седницата да биде отворена во еден дел во кој ќе се расправа за системските пропусти на МВР за откривањето на дојавите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира