СПОДЕЛЕТЕ ИСКУСТВА И ПРОБЛЕМИ СО ОНЛАЈН КУПУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ВАШИТЕ ПРАВА КАКО ПОТРОШУВАЧИ

    СПОДЕЛЕТЕ ИСКУСТВА И ПРОБЛЕМИ СО ОНЛАЈН КУПУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ВАШИТЕ ПРАВА КАКО ПОТРОШУВАЧИВо Македонија се отворија илјадници онлајн продавници, голем дел од нив присутни само на социјалните мрежи. (архивска фотографија)

    Во ноември годинава во сила стапи новиот Закон за заштита на потрошувачите, пресликан од Европската унија.

    Овој закон е полесно спроведлив кога станува збор за физичките продавници, а онлајн продажбата останува сива зона. Во Македонија се отворија илјадници онлајн продавници, голем дел од нив присутни само на социјалните мрежи, практично анонимни и нерегулирани, оставајќи ги граѓаните со малку опции да ги остварат своите законски права како потрошувачи.

    Споделете го со нас вашето искуство и проблемите со кои сте се соочиле за да ни помогнете во претстојното истражување за онлајн купувањето и заштитата на правата на потрошувачите.

    За да го споделите вашето искуство, пополнете го овој формулар (Податоците што ќе ги внесете се доверливи и безбедни и вашата анонимност ќе биде зачувана ако така сакате):

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира