ХРВАТСКА Е ПРВАТА ЧЛЕНКА НА ЕУ КОЈА ВО ИСТ ДЕН ВЛЕГУВА ВО ЕВРОЗОНАТА И ШЕНГЕН ЗОНАТА, КУНАТА ЌЕ ВАЖИ УШТЕ 14 ДЕНА

    ХРВАТСКА Е ПРВАТА ЧЛЕНКА НА ЕУ КОЈА ВО ИСТ ДЕН ВЛЕГУВА ВО ЕВРОЗОНАТА И ШЕНГЕН ЗОНАТА, КУНАТА ЌЕ ВАЖИ УШТЕ 14 ДЕНАМапата на Хрватска и ликот на Никола Тесла се наоѓаат на хрватските кованици на еврото (Фото: АП)

    Повеќе од девет години откако стана најновата членка на Европската Унија, Хрватска отиде најдалеку од балканските земји. Таа нoќеска на полноќ ја усвои единствената валута евро и влегува во Шенген зоната, европската област на патување без визи.

    Прифаќањето на еврото нуди економски придобивки кои произлегуваат од подлабоките финансиски врски со останатите 19 корисници на оваа валута и со Европската централна банка. Тоа исто така значи дека 340 милиони луѓе кои живеат во еврозоната веќе нема да мора да ги менуваат еврата за куните и ќе можат да влезат во земјата без гранични контроли.

    По десет години членство во ЕУ, свесно и заслужено стигнавме до тоа да бидеме единствената држава во историјата која на истиот ден влегла и во еврозоната и во Шенген зоната. Овие промени ќе имаат трансформациско влијание врз нашата економија“, кажа хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

    Хрватска стана членка на ЕУ во 2013, За да го усвои еврото, една земја мора да исполни строги економски услови и Хрватска доби зелено светло од европските министри за финансии во јули годинава. Куната и еврото истовремено ќе бидат во употреба за готовински плаќања само 14 дена, а потоа ќе важи само еврото.

    Хрватската јавност со месеци се подготвуваше за оваа промена, па за споредба, цените во евра беа додадени на производите во продавниците уште во почетокот на септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира