ШТИПСКИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ НОВАТА ГОДИНА ЈА ЗАПОЧНУВААТ СО ВОЗЕЊЕ ДО АНТИЧКИОТ ГРАД БАРГАЛА

    ШТИПСКИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ НОВАТА ГОДИНА ЈА ЗАПОЧНУВААТ СО ВОЗЕЊЕ ДО АНТИЧКИОТ ГРАД БАРГАЛАВелосипедската група Штип трета година по ред на 31 декември вози низ градот и дели пакетчиња на најмладите, а 15 години на први јануари вози до античкиот град Баргала (Фото: СДК.МК )

    Група од стотина штипски велосипедисти од сите возрасти, меѓу нив и деца, новата година ја започнаа со пладневна првојануарска дружба со возење до археолошкиот локалитет Баргала во подножјето на планината Плачковица, оддалечен од Штип дваесетина километри.

    „Ова е 15. ваква маршрута што традиционално ја реализираме секоја година на први јануари. По пат влегуваме во населените места со што сакаме да упатиме порака дека и ние велосипедистите сме дел од сообраќајот па другите учесници треба да внимаваат и на нас. Во Баргала кој важи за еден од најрепрезентативен доцноантички и ранохристијански град во Македонија, правиме кратка пауза со седенка и разговори, па се враќаме во Штип“, вели еден од главните организатори Марио Атанасов.

    Групата во текот на вчерашниот ден, исто така традиционално, возеше низ штипските населби, а на крајот на плоштадот „Слобода“ подели новогодишни пакетчиња на децата.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира