ЗАВРШИ КОШМАРОТ, КАЖА НОВИОТ БРАЗИЛСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЛУЛА НА ИНАУГУРАЦИЈАТА, ДОДЕКА НЕГОВИОТ ПРЕТХОДНИК БОЛСОНАРО ИЗБЕГА ВО САД

    ЗАВРШИ КОШМАРОТ, КАЖА НОВИОТ БРАЗИЛСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЛУЛА НА ИНАУГУРАЦИЈАТА, ДОДЕКА НЕГОВИОТ ПРЕТХОДНИК БОЛСОНАРО ИЗБЕГА ВО САДЛевичарот Лула, поранешен работник во фабрика кој беше претседател на Бразил и од 2003 до 2010 година, вети борба против гладот, за кој рече дека е „најужасниот криминал направен против бразилскиот народ“. (Фото: Агенсија Сенада)

    Новиот бразилски претседател Луиз Игнасио Лула да Силва вети дека го извади Бразил од „ерата на уништување“ на неговиот претходник Жаир Болсонаро и ќе почне нова фаза на помирување, заштита на животната средина и социјална, по неговата инаугурација во претседателската палата во Бразилија.

    „Тоа беше ера на темнина, несигурност и големо патење… но, овој кошмар е завршен“, кажа Лула за владеењето на десничарот Болсонаро.

    Левичарот Лула, поранешен работник во фабрика кој беше претседател на Бразил и од 2003 до 2010 година, вети борба против гладот, за кој рече дека е „најужасниот криминал направен против бразилскиот народ“.

    „Жени претражуваат низ отпад да најдат храна за децата. Цели фамилии спијат на отворено, изложени на студ, дожд и страв“, кажа 77-годишниот Лула.

    Болсонаро замина за САД во петокот за да не присуствува на инаугурацијата на Лула и одби да ја предаде претседателската лента на својот ривал како што е демократската традиција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира