ПОЧИНА ПИСАТЕЛОТ И ПОЧЕСЕН ЧЛЕН НА МАНУ ВЛАДИМИР КОСТОВ

    ПОЧИНА ПИСАТЕЛОТ И ПОЧЕСЕН ЧЛЕН НА МАНУ ВЛАДИМИР КОСТОВКостов беше избран за почесен члне на МАНУ во 2015 (Фото: Битолски весник)

    На 90-годишна возраст почина писателот и почесен член на МАНУ, Владимир Костов. Тој беше романсиер, раскажувач, новелист и автор на драмски текстови. Има објавено 17 романи, 11 збирки новели, 10 книги за деца и млади и збирка на драми „Декалог”.

    Застапен е во антологии на македонскиот расказ кај нас и во странство, во Антологијата на македонскиот роман, едицијата „Најчитани македонски романи” и во едицијата „Македонска книжевност во 130 тома”.

    Со романите „Нов ум”, „Свадбата на Мара” и „Црквичето четириесет маченици” бил застапен во училишната лектира. Дел од неговите дела се поставени на сцената на Народниот театар во Битола, каде што „Свадбата на Мара“ е една од најуспешните претстави.

    Добитник е на бројни книжевни и други општествени признанија, меѓу кои и „4 Ноември“ на градот Битола, „11 Октомври“ и Рационово признание. За почесен член на МАНУ беше избран во 2015.

    Погребот е утре во 12 часот на Светонеделските гробишта во Битола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира