ОБЈАВУВАЊЕТО НА НАЦИСТИЧКА МАПА ПОКРЕНА ПОТРАГА ПО СКРИЕНО БОГАТСТВО ВО ХОЛАНДИЈА

    ОБЈАВУВАЊЕТО НА НАЦИСТИЧКА МАПА ПОКРЕНА ПОТРАГА ПО СКРИЕНО БОГАТСТВО ВО ХОЛАНДИЈАОпремени со детектори за метал и лопати, групи луѓе пребаруваат полиња околу Омерен

    Стара мапа за која се верува дека го покажува местото каде што германските војници закопале благо вредно 15 милиони евра во Втората светска војна инспирираше аматерски ловци на богатства да почнат потрага. Опремени со детектори за метал и лопати, групи луѓе пребаруваат полиња околу источното гратче Омерен откако Холандскиот национален архив ја објави мапата оваа недела.

    Од архивот велат дека мапата навестува каде нацистичките војници сокриле четири кутии полни со дијаманти, рубини, злато, сребро и накит, кои наводно биле однесени од една банка во август 1944.

    Мапата била земена од еден германски војник набргу по завршувањето на војната и оваа недела стана достапна за јавност откако истече максималниот период од 75 години во кој можеше да се чува во тајност.

    Иако постоењето на богатството никогаш не беше докажано, поствоените власти имале неколку неуспешни обиди да го најдат во 1947. Не знаеме дали навистина постоело, но тогашните власти заклучиле дека приказната е веродостојна. Но, никогаш не беше пронајдено или можеби некој веќе го ископал“, вели портпаролката на Националниот архив Ане-Мариеке Самсон.

    Без разлика на тоа, околу Омерен овие денови интензивно се трага по митското богатство, а местото каде што е сокриено е означено со три дрвја и црвен крст.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира