Група новинари со аутистичен спектар успеа да го омекне францускиот претседател Емануел Макрон да проговори за теми за кои што професионални новинари вообичаено не го прашуваат: бракот со Брижит Макрон, неговите пријатели и Владимир Путин.
Овие новинари се дел од магазинот „Ле Папотан“, основан во 1990 од париски центар за грижа за млади луѓе со аутизам. Меѓу другите, ги имаат интервјуирано и бившите претседатели Жак Ширак и Никола Саркози и актерот Винсент Касел.
Меѓу најжешките прашања со кои се соочи Макрон беше неговата романса со 24 години постарата Брижит. Таа се викала Брижит Озиер и имала три деца кога се запознала со Макрон во средното училиште каде што тој учел, а таа била професорка. Се венчаа во 2007.
Запрашан дали како претседател требало да даде пример и да не се жени за својата професорка, Макрон одговори:
„Тука не станува збор за давање пример. Кога сте заљубени, изборот не е ваш. Таа не ми беше баш професорка. Ми предаваше драма, што не е исто“, се обиде да се одбрани Макрон.
Тој призна дека нема многу пријатели зашто работата му е таква, додека за Путин кажа дека не бил непријатен, иако се сретнале пред да почне војната во Украина, што го опиша како парадокс.