ПОД ПАТРОНСТВО НА САД, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ДОБЛИЖУВА ВО ЈАДРАНСКАТА ПОВЕЛБА И СРБИЈА, КОЈА НЕ Е ЧЛЕНКА НА НАТО

    ПОД ПАТРОНСТВО НА САД, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ДОБЛИЖУВА ВО ЈАДРАНСКАТА ПОВЕЛБА И СРБИЈА, КОЈА НЕ Е ЧЛЕНКА НА НАТОСрбија и Косово не се членки на Јадранската повелба, но Македонија како претседавач, полека ќе ги вклучува и овие држави. - Американската амбасадорска Анџела Агелер и министерот Бујар Османи (Фото: К. Попов)

    Како претседавач на Јадранската повелба, чиј стратешки партнер се Соединетите Американски Држави, министерот за надворешни работи Бујар Османи на нејзините членки Хрватска, Албанија, Црна Гора и БиХ, им предложил механизми и поголем ангажман и вклученост во Повелбата на земјите кои не се членки на НАТО: Србија и Косово.

    „Денеска предложив спектар механизми и поголем ангажман и вклученост во Повелбата на земјите кои не се членки на НАТО: Србија, БиХ и Косово. Тоа се сет на идеи кои ги нудиме за продлабочување на регионалната соработка за актуелни теми и прашања од стратешки интерес и се актуелни во НАТО. За овој и за другите предлози, беше разговарано во јули во САД и од нив е дадена поддршка“, кажа Османи на денешната заедничката прес-конференција со американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер.

    Во Јадранската повелба се земји-членки и аспиранти за членки на НАТО. Србија и Косово не се членки, но Македонија како претседавач, полека ќе ги вклучува и овие држави, со цел не само да се развиваат и одржуваат принципите на НАТО, туку и да се сочува мирот во регионот.

    Последниве неколку месеци, тензија и инциденти има токму меѓу Косово и Србија, а во меѓувреме, во близина има жестока војна во нападнатата Украина.

    Амбасадорката Агелер на новинарско прашање одговори дека приоритет на САД за 2023 година останува справувањето со корупцијата. Патем, советникот на Стејт департментот Дерек Шоле во среда доаѓа во Македонија, со посебна меѓуагенциска делегација, која ќе се сретне со владини претставници. Ќе се разговара за економијата, енергетиката, борбата против корупцијата.

    „Со Шоле ќе се дискутираат заедничките приоритети, а борба со корупцијата ќе остане примарна за Вашингтон и ќе покрене неколку прашања при посетата оваа недела. Оваа 2023 ќе биде една многу зафатена година, со оглед на тоа што Република Северна Македонија годинава претседава и со ОБСЕ“, рече Агелер како одговор на новинарско прашање.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира