ИЛЈАДНИЦИ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ПРОТЕСТИРАА ВО МАДРИД ПРОТИВ УНИШТУВАЊЕТО НА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

    ИЛЈАДНИЦИ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ПРОТЕСТИРАА ВО МАДРИД ПРОТИВ УНИШТУВАЊЕТО НА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВОKонзервативната регионална влада го уништува јавниот здравствен систем во корист на приватното здравство, велат демонстрантите. (Фото: АП)

    Десетици илјади здравствени работници денеска протестираа во Мадрид поради, како што велат, уништувањето на јавниот здравствен систем од конзервативната регионална влада. Облечени во бели мантили и удирајќи на тапани, многумина скандираа: „Кратењето на јавното здравје е криминално“.

    Регионалната влада на Мадрид, предводена од Изабел Ајусо од Народната партија, беше на удар на критики во последниве години, особено откако започна пандемијата со ковид-19 во во 2020, поради малубројниот персонал во болниците и примарните здравствени центри. Ајусо ги негира обвинувањата дека нејзината администрација ги укинува јавните здравствени услуги во корист на приватниот сектор и вели дека протестите и штрајковите се организирани од левичарските партии во пресрет на општинските и регионалните избори оваа година за да ја поткопаат конзервативната регионална влада.

    Во ноември, десетици илјади луѓе маршираа низ центарот на Мадрид за поддршка на здравствените работници повикувајќи на подобри работни услови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира